24.11.2019

Шампионот прелесно го освои „Градски Парк“

МЗТ доминираше во дербито со Работнички

 Работнички – МЗТ Скопје         68-93 

 (17-18; 15-30; 18-30; 18-14) 

Првиот дел помина во тотална доминација на гостите од Аеродром.

Ако беа донекаде рамноправни во првата четвртина, кошаркарите од „Градски Парк“ застанаа во воведните секунди од втората.

Подобри кажано, МЗТ Скопје како да уфрли во една брзина погоре. Брзо и ефикасно делуваа избраниците на Ѓорѓи Кочов во втората четвртина во која на противникот му дозволија да поентира дури по нецели пет минути играње.

Хиндс и Херис го наполнија кошот на противникот. Искомбинираа 26 од оние 48 поени кои ги имаше шампионот на истекот на полувремето.

Нa другата страна Работнички „закочи“ на бројката 32.

Само првите две-три минути од продолжението Работнички покажа дека сака да се натпреварува. Но и тоа дека оваа вечер сепак налета на сериозно мотивиран и квалитетен ривал кој едноставно има (ше) подобри играчи на теренот во „Градски Парк“.

Расположените гостински кошаркарки испалија уште една „триесетка“ во третиот дел од играта по кој веќе беа многу далеку од вечниот опонент (78:50).

Оттука и оној последенпериод од дербито се претвори во ревијален. Односно една „трка“ на домаќините да го сведат поразот во прифатлив. А за Кочов и неговите соработници да го дотолчат грогираниот противник кого се чини, го победија лесно, како никогаш во последно време. 

Видливо беше уште еднаш дека оние порази на Работнички од Еуро Никел 2005 и особено Академија ФМП не биле случајност. За главоболки кај дебитантот на клупата на нашиот најтрофеен клуб.

Покрај Хиндс и Харис, во вториот дел „се отвори“ и Маслинко, кој го имаше потегот на вечерта во „Градски Парк“. Реализираше 13.поени и беше третиот играч на МЗТ Скопје со двоен број на поени.

Од друга страна, во новото слабо издание на Работнички, макар и поентерски, се одвои Лесколт, стрелец на 25. поени, а бројката од десет поени ја надминаа и Мијатовиќ (13), односно Бенџамин, но со далеку од добро издание во кои сме навикнале да ги гледаме странците во составот на „црвено-белите“.

 

 Гостивар – Еуро Никел 2005    94-87 

 (22-20; 16-23; 27-20; 29-24) 

Во натпревар исполнет со доста резултатски, па и играчки пресврти, кошаркарите на Гостивар го добија дуелот против Еуро Никел 2005. На крајот со сигурни (94:87), и доволни за да го „откачат“, макар иза момент составот од Кавадарци од онаа прва позиција на табелата, која вели дека по ова коло, со скор (6-1), Гостивар е колидер, заедно со бранителот на трофејот, МЗТ Скопје кој излезе како победник во дербито со Работнички.

Иако во уводните минути од дуелот во „Младост“, домашната екипа беше таа која дојде до каква-таква предност, работитесе сменија во текот на вториот дел. Кавадарчани направија комплетен пресврт, и до истекот на полувремето онаа минимална негатива од првата четвртина (20:22), ја претворија во свое водство (43:38).

И ако во првата фаза од мечот Димчевски делуваше како доста осамено во нападот, во продолжениетоја доби очекуваната подршка. Пред се од Американецот Доналдсон, но и искусниот Џелетовиќ.

И тоа како видливо на резултатот, кој за доста кратко се претвори во егал, а нешто подоцна и во ново водство за Гостивар и минимално (65:63).

Не го испуштија момците на Марјан Србиноски до крајот на играта, па прославија уште еден успех, за потврда на постоешкиот квалитет.

Оној кој го демонстрираа Доналдсон-Џелетовиќ и Димчевски, кои овојпат отскокнаа од колективот.

Слична беше распределбата на поените кај гостите од Кавадарци. Марзет и Петровски искомбинираа 48.поени (25 односно 23), 11 уфрли Бакоч, а еден помалку Камали.

Недоволно за да се изненади Гостивар во полниот „Младост“.