12.12.2017 Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и Кожув со меѓусебен дуел го комплетираа деветтото коло од Првата лига во машката сениорска конкуренција. Победата му припадна на составот од Скопје, прва по поразот од Работнички во дербито од претходното коло. За гевгелискиот состав ова е трет пораз во низа. Работнички продолжи со доминацијата во машката сениорска конкуренција откако овој пат на домашен терен среде Градски Парк славеше против АВ Охрид. Победи во деветтото коло забележаа уште Пелистер, Куманово и Гостивар. РЕЗУЛТАТИ 9. коло ПЛМ Блокотехна - Струмица 112 – 57 Пелистер - Фени Индустри 76 - 62 Шкупи - Куманово 2009 69 - 95 Гостивар - Карпош Соколи 111 - 83 Работнички - АВ Охрид 95 - 75 Кожув - МЗТ Скопје Аеродром 52 - 80 Двојки ПЛМ 10. коло Фени Индустри – Шкупи Струмица – Гостивар Кожув – Пелистер МЗТ Скопје Аеродром – АВ Охрид Капрош Соколи – Работнички Куманово - Блокотехна