25.10.2017

МЗТ С.А. продолжува во победнички ритам, нов пораз за струмичани

Актуелниот шампион во домашното првенство МЗТ Скопје Аеродром продолжува во победничкиот ритам. Клубот од скопската општина Аеродром во првото коло загуби од вицешампионот Карпош Соколи, но во наредните две победи без нималку проблеми – против Шкупи и вечерва против Струмица.

Кошаркарите на Ацо Тодоров беа преголем залак за струмичани кои се уште се борат за запишување на прва победа во прволигашкото натпреварување од тековната сезона. „Штрковите“ го диктираа темпото на игра, не оставајќи им доволно простор на домаќините на овој натпревар, последен од третото коло, да ги достигнат.

Струмица – МЗТ Скопје Аеродром 77-95 (16-31, 19-30, 18-15, 24-19)


СТРЕЛЦИ
Струмица: Гилберт (8поени), Цветков (10), Тајнс (14), Тајлер (17), Делиперов (4), Стојменов (12), Бишоп (12)
МЗТ Скопје Аеродром: Стојановски (10поени), Маслинко (16), Лалиќ (8), Гарсија (9), Бејли (9), Минчев (11), Пенов (1), Џенсен (11), Мекиќ (16), Стајиќ (4)
 

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ ТРЕТО КОЛО ПЛМ
Шкупи - Блокотехна 83-115 (13-37, 29-16, 19-33, 22-29)
Фени Индустри - АВ Охрид 92-82 (18-22, 24-9, 14-20, 18-23, 18-8)
Куманово - Карпош Соколи 83-94 (27-22, 19-18, 25-22, 12-32)
Пелистер - Гостивар 79-91 (13-16, 25-23, 20-28, 21-24)
Кожув - Работнички 53-94 (16-24, 14-16, 13-27, 10-27)