09.03.2021

Од 1966 година досега помина доста време...

МЗТ Скопје Аеродром го слави 55. години од постоењето!

МЗТ Скопје, сега со додавката Аеродром, изминативе децении е синоним за македонската кошарка, со голем број на настапи во Еврокупот, како и во регионалната АБА конкуренција.

Шест титули во македонската кошаркарска лига во рамките на СФР Југославија, седум шампионски „прстени“ во самостојна Македонија и девет трофеи од Купот на Македонија...

Период во кој преку „сино-белиот“ дрес минаа стотици репрезентативци, стотици кошаркари од сите возрасти, тренери, а зад нив секогаш стоела армија верни навивачи.

Честитки за 55. роденден на клубот, на еден од предводниците на македонската кошарка!