09.11.2020

Денеска, на Златибор, тимот од „Градски парк“ дебитира во оваа конкуренција, противник е црногорскиот претставник, Студентски град

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички тргнуваат во АБА 2 авантурата

Од денеска, па се до 18. ноември, познатиот српски туристички центар Златибор ќе биде домаќин на 14 екипи од втората јадранска дивизија која првпат во своето постоење, ќе се игра по изменет систем, со т.н. „балони“, односно три одвоени турнири.

Поради пандемијата со корона вирусот, АБА одлучи втората лига да се игра по „балон“ систем, нешто слично на НБА. Сите екипи ќе бидат сместени во хотелските комплекси, ќе имаат затворени тренинзи и сие дуели ќе се играат во иста сала.

Станува збор за салата „Ваи Таи“ каде ќе се играат натпреварите, а на располагање за тренинзи има уште две сали: Чајетина и Велики Парк.

Првпат од формирањето на АБА 2 лигата, Македонија ќе има два претставника. И тоа најтрофејните клубови во земјава – Работнички и МЗТ Скопје Аеродром. А меѓу официјалните лица на овој собир е нашиот судија, Боро Антовски.

„Центарци“ дебитираат во оваа конкуренција и воопшто во јадранското друштво, додека клубот од Аеродром ќе ја игра третата сезона во АБА 2 и вкупно деветта во регионалното натпреварување.

Во првата година од формирањето на втората лига учествуваше и екипата на АВ Охрид.

Избраниците на тренерот Димитар Мираковски на првиот од трите турнири од регуларниот дел од сезоната во АБА2, која ќе се игра еднокружно, а потоа со плејоф со осум екипи, влегуваат во одлична форма и три победи во три натпревари на домашна сцена.

Од денешното јадранско деби на Работнички, но и од сите други средби на овој клуб како и на МЗТ Скопје Аеродром на првиот турнир од АБА2, предвидени се ТВ-преноси на спортскиот канал „Арена спорт“.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО АБА 2 ЛИГАТА

1. КОЛО

9.11: Хелиос – Младост Земун

9.11: Слобода Ужице – Ловќен

9.11: Студентски Центар – РАБОТНИЧКИ (17.00)

10.11: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Подгорица (17.00)

10.11: Сутјеска – Златибор

10.11: Борац Бања Лука – Спарс

11.11: Широки – Горица

2. КОЛО

11.11: Ловќен – Студентски Центар

11.11: Младост – Слобода-Ужице

12.11: Подгорица – РАБОТНИЧКИ (17.00)

12.11: Спарс – Хелиос

12.11: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Сутјеска (21.00)

13.11: Горица – Борац Бања Лука

13.11: Златибор – Широки

3. КОЛО

13.11: Студентски Центар – Младост

14.11: Слобода-Ужице – Спарс

14.11: РАБОТНИЧКИ – Ловќен (15.00)

15.11: Сутјеска – Подгорица

15.11: Широки – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ (15.00)

16.11: Борац Бања Лука – Златибор

16.11: Хелиос – Горица

4. КОЛО

16.11: Младост – РАБОТНИЧКИ (21.00)

17.11: Подгорица – Ловќен

17.11: Спарс – Студентски Центар

17.11: Сутјеска - Широки

18.11: Горица – Слобода-Ужице

18.11: Златибор – Хелиос

18.11: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Борац Бања Лука (17.00)