02.03.2023

Бранителот на титулата ќе ротира шест странски кошаркари, финалистот на Купот има само две варијанти

МЗТ Скопје Аеродром остана со најголем број на странци, Феникс 2010 има најмалку

Првиот ден од март беше и последниот временски рок во кој прволигашките екипи можеа да ги направат последните промени во играчкиот ростер.

А последниот ден од преодниот рок во натпреварувачката сезона 2022/2023, донесе некои промени во дел од клубовите.

Погледот на листата на пријавени играчи која важи до крајот на оваа натпреварувачка сезона кажува дека актуелниот бранител на титулата, екипата на МЗТ Скопје има и најголем играчки странски кадар.

Во одбрана на шампионскиот трофеј „сино-белите“ тргнуваат со шест интернационални кошаркари, односно со истите оние кои стигнаа до првиот трофеј во сезоната, наменет за најдобриот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

„Аеродромци“, интересно, се и единствените кои ја надминуваат онаа стандардна бројка на играчи-странци со право на настап на еден официјален натпревар. И  се една од екипите кои не направија промени во периодот на паузата во шампионатот.

Со исти (странски) сили продолжуваат и екипите на Феникс 2010, Кожув, Навико Академија ФМП, во таа група е и ТФТ Mozzart кој не ги менуваше странските играчи (си замина само Џермејн Бишоп, кој беше петтиот на листата на странски играчи).

Од друга страна, дел од екипите направија некои промени, а најмалку ги има во редовите на нивниот „предизвикувач“ во финалето на Купот на Македонија, Феникс 2010.

Во нивниот ростер фигурираат само двајца странци, а според најавите од раководството на Феникс 2010, можно е во скоро време да има само еден, па дури и таква најава дека крајот на сезоната да го дочекаат и без странски засилувања.

ЛИСТА НА СТРАНСКИ ИГРАЧИ СО ПРАВО НА НАСТАП ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА ВО ПРВА ЛИГА-МАЖИ

КУМАНОВО 2009: Андрија Марјановиќ, Џошуа Џеферсон, Рајан Рајт (дојдоа), Кервон Смит (остана), Елајџа Џојнер, Семјуел Адевунми (заминаа)

ЧАИР 2030: Недим Мустафица, Давел Роби (дојдоа), Јусуф Мохамед, Харис Цуцовиќ (останаа), Дареал Френклин (замина)

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП: Ѓорѓе Мариновиќ, Џендлер Џонс, Томас Смит-Мексвејн, Дејан Бјелиќ (останаа)

КОЖУВ: Душан Јузбашиќ, Мајрон Гордон, Рамо Ризвиќ, Домен Братож (останаа)

ГОСТИВАР: Немања Жигон (дојде), Арсеније Вучковиќ, Гиорги Корсантиа, (останаа), Лувејн Пипкинс, Кахлон Витли (заминаа)

ПЕЛИСТЕР: Никола Силаџи (дојде), Сеад Хаџифејзовиќ, Донтај Карутерс, Кени Карпентер (останаа), Недим Мустафица (замина)

СТРУМИЦА 2022: Никола Шучов (дојде), Стефан Крстајиќ, Даглас Кортез, Бредли Обиквели (останаа)

ЕУРО НИКЕЛ 2005: Стефан Балмазовиќ (дојде), Јуре Планиниќ, Иван Гавриловиќ (останаа), Бранислав Ѓекиќ (замина)

ТФТ MOZZART: Лахлан Андерсон, Давид Хотон, Трент Батрик, Дупре Мекбраер (останаа), Џермејн Бишоп (замина)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Дастин Вер, Мајкл Кефи, Страхиња Миќовиќ, Кеандре Кук, Абдул Абу (останаа)

РАБОТНИЧКИ: Ѓорѓе Џелетовиќ, Ајсах Умпиг (дојдоа), Никола Малешевиќ Ерик Нотиџ (останаа), Камерон Форте, Пол Џексон (заминаа)

ФЕНИКС 2010: Чарлс Фалден, Елајџа Џојнер (останаа)

*Болдираниот дел од имињата на екипите се официјалните пријавни листи за сезоната 2022/2023