17.02.2018

МЗТ Скопје Аеродром против Работнички во Куп-финалето

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички е двојката која утре со почеток во 19:00 часот ќе се бори за престижниот Куп-трофеј за 2018 година. Двата најтрофејни македонски клуба ги совладаа своите противници Блокотехна односно Куманово и заработија пласман во уште едно финале.

Актуелниот шампион во домашното првенство се помачи со амбицозната Блокотехна која имаше намера да му се одмазди на клубот од Аеродром за поразот во домашното првенство. Избраниците на Марјан Илиевски започнаа да таложат предност во своето конто со реализирани проектили од далечина. Шампионот не остана должен на новајлијата во елитната машка конкуренција па со брза игра на тандемот Стојановски-Трајковски успеа да ја врати предноста во своја корист. „Сино-белите“ кошаркари успеаја да ја одржат позитивата до крајот на натпреварот и да се пласираат во уште едно Куп-финале.
 

МЗТ Скопје Аеродром славеше со 89-78 (19-29, 26-14, 24-19, 20-16)
Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.