13.06.2019 Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се закитија со седмата шампионска во домашното првенство откако во рамки на финалната серија во плејофот триумфираа со скор од 3-0 против вечниот градски ривал Работнички. Ѓорѓи Кочов ги предводеше своите избраници до престижниот трофеј кој го освоија со три победи во низа со 80-44, 60-69 и со 85-78. Најкорисен играч на финалната серија за сезоната 2018/2019 е прогласен капитенот на „металците“, Дамјан Стојановски.