12.04.2019 МЗТ Скопје Аеродром и Работнички се првиот полуфинален пар од државниот Куп 2019 откако ланскиот освојувач од главниот град мина преку коорганизаторот Кожув и си обезбеди уште еден ден престој во Гевгелија. „Металците“ имаа фуризен старт, па неколку грешки во играта поради послаба комуникација резултираа со намалување на предноста од страна на гевгеличани. Во вториот дел од натпреварот избраниците на Ѓорѓи Кочов продолжија со агресивната игра по целиот терен и го осигураа триумфот. МЗТ Скопје Аеродром славеше со конечни 89-62 односно 24-10, 16-15, 28-17 и 21-20 по делници. Во полуфиналето ќе се пресметаат со Работнички, а дуелот е закажан за утре (сабота, 13. април) со почеток во 20:15 и пренос на МРТ.