Борац од Бања Лука ќе биде новиот учесник во АБА 2 лигата во сезоната 2020/2021. Екипата која потекнува од Република Српска, а настапува во Премиер лигата на БиХ, ја доби т.н. „вајлд карта“ која ја доделува раководството на АБА лигата.
Тимот од Бања Лука доаѓа на местото на екипата на Слобода од Тузла, која поради финансиски причини (не ја плати котизацијата за добивање на специјалната покана) се откажа од натпреварувањето во кое во следната сезона Македонија ќе има два свои претставници, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.
Освен нашите претставници, во АБА 2 конкуренцијата ќе се натпреваруваат екипите на: Горица, Хелиос Домжале (Словенија), Ловќен, Подгорица, Студентски центар, Сутјеска (Црна Гора), Младост-Земун, Слобода-Ужице, Златибор (Србија), Широки, Спарс и Борац-Бања Лука (БиХ).