16.06.2023

Репрезентацијата „Под 16“ години ова лето ќе учествува на Европското првенство кое ќе се одржи во Скопје

На 22. јуни, почеток на подготовките на нашата машка кадетска репрезентација

Во текот на наредната недела, почеток на подготвителниот период ќе означи и нашата машка селекција „Под 16“ години, која ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „А“, кое ќе се игра во нашиот главен град во периодот од 5. до 13. август.  

Селекторот Александар Јованчев и неговите асистенти, Милош Нинковиќ и Тино Даневски, одредија почетокот на подготовките на нашата кадетска репрезентацијата да биде на 22.јуни (четврток) со почеток во 19. часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Согласно со планираните активности, лекарските прегледи ќе бидат реализирани на 21,22 и 23.јуни, во клиниката „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Список на повикани кошаркари

Доријан Ивановски - Цедевита Јуниор – Хрватска

Тодор Делипетров-Италија

Сергеј Петровиќ – МЗТ Скопје Аеродром - Скопје

Борјан Китановски – МЗТ Скопје Аеродром - Скопје

Лазар Кузмановски – Куманово

Глигор Цаневски – Куманово

Филип Сребров - Водно санс - Скопје

Никола Јаничиќ - Водно санс - Скопје

Лука Марјановиќ – Водно санс - Скопје

Дамјан Ивановски - Феникс 2010 - Скопје

Лука Шуменковски- Феникс 2010 - Скопје

Лука Антиќ – Феникс 2010 - Скопје

Марио Симиќ – Работнички - Скопје

Даријан Димовски – Работнички - Скопје

Григориј Ѓорѓевиќ – Вардар - Скопје

Љубен Ефтимовски – Вардар - Скопје

Алексеј Нешовиќ – Вардар - Скопје

Жарко Терзиевски – Вардар – Скопје

Стефан Сапроновски – Вардар - Скопје

Илин Најков – Вардар - Скопје

Христијан Несторовски – Еуро Никел 2005 - Кавадарци

Благојче Димитровски – Пелистер - Битола

Матеј Митревски- Баскет Кам – Македонска Каменица