21.09.2020

Домаќините на турнирите ќе имаат доволно време за организација на турнирите

На 6. ноември, Централниот Одбор на ФИБА одлучува каде ќе се играат квалификациските „балони“ за Евробаскетот

Извршниот комитет на ФИБА донесе неколку важни одлуки во однос на т.н. „прозорци“ во квалификациите за  континенталните натпреварувања во ноември 2020, и февруари 2021 година.

Со оглед на здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и официјалните лица, натпреварите во квалификациски зони планирани за ноември 2020 година и февруари 2021 година, ќе се играат во т.н. „балони“.

- Регионалните канцеларии/одбори на зоните да одлучат дали секој „балон“ ќе се состои од 4 или 8 екипи (една или две квалификациски групи) и соодветно на тоа, да ги известат националните федерации

- Регионалните канцеларии да циркулираат со медицински протоколи, а по одобрување од страна на Медицинска комисија, како и со прирачници за хостинг.

- Регионалните канцеларии / одбори на зоните, да одлучуваат за домаќините на „балоните“ врз основа на објективни критериуми, без плаќање на било каква котизација.

Веднаш потоа, а по препорака на регионалните канцеларии/одбори на зоните, Централниот одбор на ФИБА, на 6 ноември ќе одлучува кому ќе му ги додели организациите на квалификациските турнири или т.н. „балони“.