16.09.2020

16. септември е уште еден од поновите датуми во историјата на македонската репрезентативна кошарка

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, ПРЕД ДЕВЕТ ГОДИНИ: Како Наваро ни го уништи сонот за европски медал (ВИДЕО)

На овој датум, пред девет години, Македонија играше во полуфиналето на Евробаскетот 2011 во Литванија.

Во „Жалгирио“ Арената во Каунас, пред 11.000 гледачи, Македонија го играше своето прво, историско полуфинале во кое за противник ја имавме силната, фаворизирана репрезентација на Шпанија.

Имавме феноменално прво полувреме, имавме и водство по 20.минути од играта (45:44), по заслуга на неверојатниот Лестер Бо Мекејлеб.

Но во вториот дел „се појави“ Хуан Карлос Наваро. Извонредниот бек на „црвената фурија“ кој едноставно имаше своја вечер во која не знаеше да промаши. Постигна 35.поени, за победа на Шпанија од (92:80), и место во големото финале на Евробаскетот.

За нас остана утехата, борбата за бронзениот медал против селекцијата на Русија...