01.08.2024

Во петок (18.30 часот), потребна е подршка, сите во СРЦ „Кале“, јуниорите ќе се борат за место во топ 4 и пласман кој води кон „А“ Дивизијата

На Илинден, Македонија оди во битка со Португалија вредна полуфинале

Нашите млади кошаркари ги завршија успешно првиот дел од „работните задачи“ на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Скопје.

Бевме максимални, пет победи во пет натпревари за прво место во групата „Ц“, што ни донесе пласман во следниот натпреварувачки круг – четвртфиналето.

А таму следува уште поважниот сегмент, во кој место за „поправен“ – едноставно нема.

Македонија против Португалија, во натпревар закажан за нашиот најголем празник, на 2. август, на Илинден, од 18.30 часот во салата на СРЦ „Кале“ – каде (како и досега) влезот ќе биде слободен за сите љубители на кошаркарката кои се во Скопје, и пошироко, а не се заминати на годишен одмор.

Ќе има треба голема подршшка на нашите млади кошаркари во обид да ја продолжат онаа фантастична, победничка серија креирана во изминатите пет-шест дена на шампионатот во Скопје.

Ако биде како во изминатите денови, не би требало да стравуваме за нов успех на нашите јуниори. Во изминатите пет натпревари покажаа дека играта не зависи само од поединци, дека полека, но сигурно, Македонија станува колектив од кој стравуваат сите присутни на турнирот во нашиот главен град.

Како одминуваа(т) натпреварите, сега, „тука е“ и Стојковиќ, но и Лукановски, Ќириловски, Марјановиќ, или потошно кажано, тука е колективот кој полека но сигурно станува и најсилно оружје во плановите на стручниот тим предводен од селекторот Горан Андреевски.

Македонските јуниори се на вистинскиот пат, од нив бараме да издржат во обидите овој актуелен резултат да биде уште подобар, за почеток да бидат подобри од Португалија, од една одлична селекција, која евидентно има свои силни, но и свои слабости (веќе имаа(т) два порази во четири одиграни натпревари), и која јасно е, не е непобедлива.

Сепак, многу работи ќе зависта од нашите момци, на кои ќе им треба поддршка на Илинден, за сите заедно да прославиме уште една голема победа за Македонија!

 ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

1.АВГУСТ (ПЕТОК)

18.30: МАКЕДОНИЈА – Португалија (СРЦ „Кале“)

18.30: Црна Гора – Полска (СЦ „Борис Трајковски“)

21.00: Австрија – Чешка (СЦ „Борис Трајковски“)

21.00: Швајцарија - Бугарија (СРЦ „Кале“)