19.07.2024

Нашиот национален тим „Под 18“ години стигна до првиот триумф во периодот на подготовките, славеше со резултат (67:62)

На „контролата“ во Гевгелија, јуниорите на Македонија подобри од врсниците од Швајцарија

Машката јуниорска репрезентација на Македонија одигра уште еден контролен натпревар во периодот на подготовките. Во Гевгелија, ја нагостивме селекцијата на Швајцарија,

МАКЕДОНИЈА (У18) – ШВАЈЦАРИЈА (У18)    67:62

Сосема добар почеток на проверката во Гевгелија имаше нашиот национален тим „Под 18“. Во уводните десет минути направија предност од (22:15) избраниците на селекторот Горан Андреевски. Добрата игра ја продолжија и во втоориот период, во кој успеаја таа разлика да ја зголемам, односно на полувремето, нашиот јуниорски тим имаше  предност од 16.поени (38:22).

Во продолжението доста поизрамнета игра, во која Швајцарците успеаа да одржат каква-таква резултатска рамнотежа, односно по три одиграни четвртини, Македонија водеше со резултат (56:43).

На почетокот од последниот дел, гостите од Швајцарија се доближија, имаа и негатива од само шест поени (54:60), која ја забележаа во 34.минута од играта.  Имавме одговор за тој напад на противникот, на 3:20 минути пред крајот, поведовме со (66:58).

А последните 60 секунди од оваа проверка дветте селекции ги дочекаа со резултат (66:61). Но реализираа само по еден поен, па победтаа остана за нашата јуниорска селекција, за нив прва во подготвителниот период, по поразите во дуелите со Црна Гора и со Романија (на гостински терен).