Пред нив е и најголемиот предизвик во овој квалификациски циклус за пласман на ЕП 2023. Вечерва во СРЦ „Кале“, од 18.часот, избраничките на селекторот Александар Ашаданов ќе играат против најдобрата селекцијата во групата „А“, Белгија, една од оние кои на коло пред крајот, обезбеди, ново, директно учество на Евробаскетот во Израел и во Словенија.
И една од најдобрите во оној женски репрезентативен сегмент, кои македонската кошаркарска јавност, ќе има шанса да ги запознае преку овие 40 финални минути.
Нашите најдобри кошаркарки успеаја, дојдоа до онаа толку посакувана цел – да дојдат до една победа во квалификациите. Оние неверојатни, за напиот тим, минути пред некоја вечер во Сараево, засекогаш ќе им останат во сеќавањата на девојките во „црвено“...
„Исклучително сум задоволна од победата против БиХ, пред се затоа што дадовме се од себе и покрај сите проблеми со кои се соочивме за време на подготовките. Покажавме како треба да се бориме и би сакале истата слика да ја повториме и против Белгија иако сите добро знаеме за каков ривал се работи и каде се играат кошаркарките на оваа репрезентација“ – ќе каже Нена Трајчевска, една од нашите хероини, откако стивна онаа мала, но сепак еуфорија по успехот во дуелот против селекцијата на БиХ.
Без оглед на квалитетот со кој располага вечерашниот противник, начелата по кои се раководат нашите кошаркарки остануваат оние истите, кои и ги красеа и на претходните пет натпревари во оваа групна квалификациска фаза.
Борба до последниот атом на енергијата:
„Резултатот можеби не е во прв план, но јас и моите соиграчи сме подготвени да изгинеме на теренот. Победата против БиХ ја гледам како почеток на она што следува од македонската репрезентација. Голем чекор е и треба само да потврдиме дека вредиме како екипа“- дополнува крлиото на нашата женска национална селекција која во пресрет на овој натпревар има е ефект (1-4).
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2023
ГРУПА А
ДВОЈКИ 6. КОЛО
ДЕНЕСКА:
18.00: МАКЕДОНИЈА – Белгија
20.00: БиХ - Германија
ТАБЕЛА
1.Белгија 5 4 1 446:287 9
2.Германија 5 3 2 343:299 8
3.БиХ 5 2 3 351:408 7
4.МАКЕДОНИЈА 5 1 4 261:401 6