Машката селекција на Македонија „Под 16“ години го одигра и првиот контролен меч во подготвителниот период.
Во СРЦ „Кале“ во Скопје гостуваше соодветната селекција на Бугарија.
МАКЕДОНИЈА (У16-МАЖИ) – БУГАРИЈА (У16-МАЖИ) 64:79
Гостите од Бугарија имаа подобар почеток на средбата. Поведоа со (16:9), и тоа водство практично не го испуштија и во продолжението на првото полувреме.
На истекот на првата четвртина беше (16:12).
Но со серијата од (7-0) македонските кадети направија пресврт, по нецели три минути од втората четвртина поведа со (19:16). Две минути подоцна, по поените на Марјановиќ, имавме и уште повисоки (22:18).
Но во вториот дел од втората четвртина, кадетите на Бугарија успеаја да ја поништат нашата тешко стекната позитива, и на полувремето да имаат водство, исто така, од четири поени (35:31).

Сосема рамноправни беа и петте минути од третиот период, во 25.минута бевме во заостанување од два поени (41:43), но уште еднаш, слично како и во втората четвртина, не успеавме да го задржиме резултатскиот егал.
На истекот на 30.минута, Бугарија водеше со (56:49).
Уште еднаш, во само три минути, стигнавме до минус од два поени, (57:59). Но уште еднаш гостите се одбранија, и победоа со (66:57), кога остана да се доиграат 4:48 минути.
На овој прв тест во подготвителнииот период, селекторот Александар Јованчев испроба дури 17. кошаркари кои во моментов ги има на располагање.

Со 12. реализации, терзиевски беше прв стрелец во нашата селекција. Етимовски имаше 12, а од стартерите, Ивановскии Марјановиќ реализираа по десет поени.
Утре од 12.часот, двете кадетски селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар, повторно во СРЦ „Кале“ во Скопје.