Зад тимот кој го предводи селекторот Нермин Пепиќ е оној воведен дел од подготовките за она што ги чека од 7. до 16. август во Скопје, настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, на кое сме во улога на организатор-домаќин.
Оваа прва фаза селекторот Пепиќ и неговите асистенти ја искористија и да ја направат првата селекција, односно актуелниот ростер да го донесат на бројката 16. кандидати за националната селекција „Под 16“ години.
А веќе на крајот од оваа работна седмица, следуваат и првите контролни натпревари. Во нашиот главен град ќе гостува кадетската репрезентација на Црна Гора.
Согласно со договореното, предвидено е одигрување на два натпревари. Првиот ќе се игра на 13. јули (недела), со почеток од 17.часот, во „базата“ на нашата кадетска селекција, салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Ден подоцна, на 14. јули (понеделник), следува и вториот, а ќе стартува од 13.часот, што ќе биде добра прилика за стручниот тим на оваа наша селекција во обидите да се пронајде потребната форма за настап на првенството во нашиот главен град.