22.02.2020

НА ТЕХНИЧКИОТ СОСТАНОК ПРЕД ДУЕЛОТ ВО ПЕРМ, Базаревич ги додаде Трушкин и Боломбој!

Во однос на мечот со Италија на списокот на рускиот селектор сепак има двајца нови кошаркари...

Руската репрезентација во нешто изменет состав ќе го дочека неделниот дуел против нашиот национален тим. Селекторот Сергеј Базаревич во последен момент дојде до Американецот со руски пасош, Џоел Боломбој, кој настапува за московска ЦСКА.

Па во однос на мечот со Италија на неговиот список сега има двајца нови кошаркари: Владислав Трушкин и Џоел Боломбој кои се меѓу 12. што ќе излезат на паркетот на „Молот“ арената во Перм.

Освен двајцата новаци, во конкуренција за средбата со Македонија се уште и: Евгениј Бабурин, Григориј Мотовилов, Виталиј Фридзон, Владимир Ивлев, Максим Григорјев, Иван Стребков, Станислав Илницкиј, Дмитриј Кулагин, Евгениј Валиев и Павел Антипов.