Новата генерација на развојниот проект „Заедно до М16“ почнувајќи од вчера, а заклучно со 30.јуни, ќе земе учество на националниот камп во Маврово организиран од страна на Македонската кошаркарска федерација.
Вкупно шеесет кошаркари и кошаркарки, родени 2011 и 2012 година, го стартуваа новото издание, дел од проектот на ФИБА и на нашата федерација, во кој ќе тренираат заедно една седмица.
Во работата со младите и талентирани играчи се вклучени Ристе Стефанов, Нермин Пепиќ, Оливер Тасков, Денис Селими, Илија Стамболџиев и Мевљан Јонузи, додека во оној женски дел во улога на „презентери“ на кошаркарската игра се неколку наши репрезентативни имиња како Елена Тасевска, Катерина Поп Димитровска, Сања Адамовска, Михаела Алексовска, Сара Максимовска и Сара Стојановска.
„Стандардно“ дел од од собирот во Маврово се и наши драги гости од странство, Овојпат во улога на предавачи- координатори за реализација на планираните активности се: Татјана Галова од Словачка, и Геромета Џовани Батиста од Италија.