13.06.2025

Од 22. до 27.јуни, во двете сали на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на кампот ќе работат 60. талентирани кошаркар(к)и

Националниот камп од развојниот ФИБА проект „Заедно до 14“ќе биде реализиран во Скопје

Македонската кошаркарска федерација во наредниот период ќе ги реализира активностите поврзани со организација на националниот камп, кој е дел од развојниот ФИБА проект „Заедно до 14“ за 2025 година.

Вкупно 60. кошаркар(к) и родени 2012 и 2013 година, ќе земат учество на кампот кој ќе биде реализиран во периодот од 22. до 27. јуни, во двете сали на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.  

Учесниците на кампот, кои претходно беа селектирани од страна на тренерите кои ќе работат на кампот во Скопје, ќе треба да го потврдат своето присуство, на 22.јуни, во 13.часот, во хотелот „Карпош“ во Скопје, каде ќе бидат сместени за време на одржување на кампот.

ГРУПИ ЗА НАЦИОНАЛЕН КАМП 2025 - СКОПЈЕ