22.12.2024

Второ место за момците, четврто за девојките

Националните селекции до 14 години завршија со настапот на турнирот во Романија

Двете национални селекции до 14 години, во машка и во женска конкуренција, завршија со настапот на Балканскиот турнир кој викендов што изминува се одржа во Орадеа, Романија.

На турнирот, кој во иднина ќе биде и своевидвно надоградување на заедничкиот проект на ФИБА во кој заеднички се развиваат покрај македонската и националните селекции на Турција, Романија, Косово и Бугарија, нашите селекции го освоија второто (машки) односно четвртото (девојки) место.

Момците, запишаа две победи од вкупно три одиграни натпревари додека девојките не успеаја да запишат победа.

Во идеалната петорка на турнирот, како најдобар 'скокач' кај девојките се избори Фросина Алексова, додека кај машките тоа беше Рон Јетиши.

РЕЗУЛТАТИ, ТУРНИР ОРАДЕА

Машки:
Словачка - Македонија 86-90
Македонија - Романија 63-58
Унгарија - Македонија 95-46

Женски
Македонија - Романија 33-55
Словачка - Македонија 68-25
Унгарија - Македонија 81-26