Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално својата кариера ја продолжува во шпанска Валенсија.
Валенсија официјално потврди дека македонскиот кошаркар ќе биде во ростерот на „портокаловите“, откако се согласил на четиригодишен договор.
Сезоната која е зад нас, Димитријевиќ ја заврши со просек од 10,6 поени, 1,5 скока и 3, 6 асистенции во шпанското првенство, и 12,9 поени, 1,6 скока, 3,6 асистенции во просек во европската лига.