26.02.2023

Не им дадовме никаква трошка на надеж, ни на Норвежаните, ниту на Словаците, Македонија беше доминантна во Осло (79:41)

Најдобри кога е најпотребно - Македонија ќе игра во квалификациите за Евробаскетот!

Беа најдобри, кога за тоа беше најпотребно. Од нив се бараше победа во Осло, и нашите најдобри кошаркари успеаа во тоа.

Го одиграа веројатно и најдобриот натпревар во овој втор круг од претквалификациите за место во оние главните – квалификации.

Апсолутна доминација имаа „жолто-црвените“ во последниот , шестти меч од „Д“ квалификациитее за пласман на Европското првенство.

И беа наградени избраниците на селекторот Александар Јончевски со голема, победа, и највисока во овие шест натпревари од кои добивме пет, и како првопласирани одиме понатаму.

Во квалификациите кои водат кон место на Евробаскетот во 2025 година...

НОРВЕШКА – МАКЕДОНИЈА     41:79

Одлично, само како што можевме да посамаме го отворивме натпреварот на одлука во осло. Префводени од незапирливиот Ти-Џеј Шортс, Македонија брзо постави доминација во играта. Ако брзиот Американец беше недофатлив за противничката одбрана, свои моменти, токму во тој уводен дел имаа и Ѓуроски и Стојановски, кои беа и понетрската логистика на Шотс.

Веднаш видливо на ссемафорот, кој на истекот на првата четвртина покажуваше двојно повисока предност на Македонија во однос на Норвешка (24:12).

Половина од тие поени беа на Шортс.

Она што беше, се чини уште поважно, одигравме цврсто во одбраната. Имавме само мал временски пад во играта, кога го немавме Шортс на теренот.

Но тоа беше од „краток рок“, Норвежаните само во два наврати успеаја негативата да ја намалат на едноцифрена.

Така беше во 15 минута, кога Норвешка намали на (18:26). Но тројката на Магдевски дојде во вистинско време, за да се смири и бучната публика во Осло, за (29:18). Со серијата од (11-2), дојдовме до уште повисоки (38:20) потоа и (40:22), за да го финишираме едно од нашите најдобри полувремиња во претквалификациите со највисоки (45:26).  

На крајот на првиот дел, поентерски гледано, Шортс имаше 16 поени, Стојановски 11, осум дојдоа од Ѓуроски, пет даде Магдевски, три Мекиќ а уште два Крстевски.

Имавме висока реализација во шутот од поле (11/15, односно 73.3% на успешност), а реализиравме и шест тројки (од 19 обиди), остваривме и 22 скока, односно осум повеќе од противникот.

Третиот дел од играта беше и „најсиромашниот“ кога станува збор за реализациите. Двете екипи како да се натпреваруваа во тоа кој нема да погоди повеќе.

А таа трета четвртина ја одбележа „појавувањето“ на Андреј Маслинко.

Нашиот крилен играч врза шест поени во серија со кои одново Македонија „побегна“ на плус од повеќе од 20 поени, кој со три реализирани слободни фрлања го покачи капитенот Војдан Стојановски, за највисок плус (60:36).

Последната чеѕвртина беше „верификација“ на нашата одлична партија во главниот град на Норвешка. По тројката на Маслинко, интересно прва во второто полувреме за нашата селекција, водевме со +30 (69:39), па на теренот во Арената „Нордстранд“ можеше да зачекорат и оние кои, јасно е,  ќе играат и во иднина за нашата најдобра селекција.

Претходно, во извонредно драматичен натпревар во Нествед, селекцијата на Словачка славеше со минимални (72:71), против Данска, за нивни конечен скор (4-2) во овој втор круг од претквалификациите.

Македонија ќе игра во квалификациите за Евробаскетот во 2025 година!

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025

ГРУПА „Д“

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Норвешка – МАКЕДОНИЈА        41:79

Данска – Словачка           71:72

ТАБЕЛА

1.МАКЕДОНИЈА    6          5          1          436:375        11

2.Словачка  6          4          2          439:436        10

3.Норвешка 6          2          4          380:409       8

4.Данска      6          1          5          426:453        7