Дамјан Стојановски, репрезентативецот на Македонија од редовите на МЗТ Скопје Аеродром е најдобриот кошаркар кој настапува во Првата лига.
Оваа номинација ја даде специјализираниот кошаркарски сајт „Евробаскет“ во своето традиционално номинирање на најдобрите во европските кошаркарски лиги.
Бекот на „металците“ е најдобриот домашен и играч на годината во макеоднската Прва лига.
Со две номинации е и српскиот интернационалец Ѓорѓе Џелетовиќ.
Кошаркарот на Гостивар е избран за центар на годината, како и „Босман“ играч на годината (играчи кои не потекнуваат од САД).
Кошаркарот на Кожув, Еван Пејн е најдобриот на бековската позиција, а Двејн Бенџамин од Работнички, е крило на годината во нашата елитна конкуренција.
Неговиот соиграч од Работнички, Марјан Младеновиќ е најдобриот дефанзивец, а Ѓорѓи Кочов, асистент тренер во сениорскиот национален тим на Македонија, и шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром, најдобриот тренер во сезоната.
„Евробаскет“ ја одбра и најдобрата домашна петорка во која се најде место за Марјан Младеновиќ (Работнички), Адем Мекиќ (Пелистер), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А), Марјан Јанески (Куманово) иБојан Крстевски (МЗТ Скопје А), и странска: Еван Пејн (Кожув), Донован Доналдсон (Гостивар), Хејден Лесколт (Работнички), Двејн Бенџамин (Работнички), Алекс Лонг (Академија ФМП).
ИГРАЧ НА ГОДИНАТА: Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А)
БЕК НА ГОДИНАТА: Еван Пејн (Кожув)
КРИЛО НА ГОДИНАТА: Двејн Бенџамин (Работнички)
ЦЕНТАР НА ГОДИНАТА: Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар)
ДОМАШЕН ИГРАЧ НА ГОДИНАТА: Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А)
БОСМАН ИГРАЧ НА ГОДИНАТА: Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар)
СТРАНСКИ ИГРАЧ НА ГОДИНАТА: Еван Пејн (Кожув)
ДЕФАНЗИВЕН ИГРАЧ НА ГОДИНАТА: Марјан Младеновиќ (Работнички)
ТРЕНЕР НА ГОДИНАТА: Ѓорѓи Кочов (МЗТ Скопје А)
ПРВА ПЕТОРКА
Марјан Младеновиќ (Работнички)
Еван Пејн (Кожув)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А)
Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар)
ВТОРА ПЕТОРКА
Донован Доналдсон (Гостивар)
Хејден Лесколт (Работнички)
Двејн Бенџамин (Работнички)
Антон Казарновски Пелистер)
Данило Мијатовиќ (Работнички)
ТРЕТА ПЕТОРКА
Димитар Караџовски (Кожув)
Александер Марзет (Еуро Никел)
Адем Мекиќ (Пелистер)
Томас Зданавичиус (Кожув)
Ѓорѓе Каплановиќ (Еуро Никел)
НАЈДОБРА ДОМАШНА ПЕТОРКА
Марјан Младеновиќ (Работнички)
Адем Мекиќ (Пелистер)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А)
Марјан Јанески (Куманово)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А)
НАЈДОБРА СТРАНСКА ПЕТОРКА
Еван Пејн (Кожув)
Донован Доналдсон (Гостивар)
Хејден Лесколт (Работнички)
Двејн Бенџамин (Работнички)
Алекс Лонг (Академија ФМП)
НАЈДОБРА БОСМАН ПЕТОРКА
Филип Думиќ (Пелистер)
Владимир Враниќ (Пелистер)
Антон Казарновски (Пелистер)
Данило Мијатовиќ (Работнички)
Ѓорѓе Каплановиќ (Еуро Никел)