12.12.2023

Церемонијата на доделување на наградите ќе стартува од 20.00 часот...

Најдобрите во кошарката за 2023 година, на исто место, на 28. декември, во „DoubleTree by Hilton“ во Скопје

Македонската кошаркарска федерација ја продолжува традицијата, оттука и оваа календарска година ќе ги награди најдобрите во кошаркарскиот спорт за 2023 година.

Свечената церемонија на доделување на наградите за најуспежните во годината која полека ја оставаме зад нас, ќе се одржи на 28. декември (четврток), во хотелот „ DoubleTree by Hilton“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот.