10.10.2017

Најновиот прволигаш тргна со пораз во новата сезона

Со проширување на Првата лига во машка конкуренција на 12 екипи-натпреварувачи, Шкупи доби шанса да се натпреварува во кошаркарската елита на Република Македонија. Доскорешниот второлигаш во Првата лига тргна со пораз откако на гостински терен в Битола загуби од Пелистер со 80-73 односно 21-22, 16-15, 19-16 и 24-20 по делници.

Домашниот состав успеа да се избори за победа која сигурно позитивно ќе влијае на самодовербата на избраниците на Зоран Петковски.

СТРЕЛЦИ
Пелистер: Илиевски (10поени), Анакиевски (39), Бошевски (2), Голубовиќ (7), Талевски (2), Давков (11), Трајковски (9) 
Шкупи: Булатовиќ (20поени), Ристов (11), Ника (3), Манасковски (10), Ристовски (6), Атанасов (5), Меме (3), Мемети (15)

За комплетирање на првото остануваат уште два натпревара. Фени Индустри ќе го нагоси Гостивар додека Карпош Соколи ќе гостува кај МЗТ Скопје Аеродром.