Изминатиот викенд, во спортската сала „Невена Георгиева-Дуња“ во Скопје, се одржа селективен тренинг за кошаркарки родени 2006 година.
На истиот од 50 повикани, присуствуваа 48 кандидати. Опфатени беа сите клубов, и тие што имаат пријавени екипи во системот за натпрецарување, но и тие што само тренираат, а не се натпреваруваат во младинските лиги.
„Девојките беа поделени во две групи и одработивме два тренинга, на кои во првиот дел Проф.Б Крстевски имаше свој воведен дел со вежби за координација и моторика, додека вториот дел беше посветен на кошаркарската техника, со цел да се запознаеме со нивото на обученост на сите кандидати.
Во ова прво селектирање, одбрана е селекција од 25 девојчиња. Но, идејата е да се направи уште едно селектирање на одбраните млади кошаркарки во кое ќе бидат вклучени и моторички тестови со кои ќе добиеме што подобра слика, а во исто време да направиме уште подобра селекција за оваа возрасна категорија“- појаснува координаторот за женска кошарка, Саша Димитријевиќ, кој со помош на своите колеги Бранко Крстевски, Александар Ашаданов го реализираше тренингот.

Во исто време беше реализирана и втората обука за менторирање на кошаркарските тренери на која присуството на заинтересирани тренери беше многу подобро од првата.