На покана на турската федерација, а во периодот од 13. до 16. октомври, четворица наши перспективни тренери, како дел од проектот „Заедно до 16“ ќе имаат можност непосредно да се запознаат со работата на дел од најголемите кошаркарски клубови во Турција.
ФОТО: Марјан Ѓуров
За време на посетата на турската федерација, од страна на специјалистот за развој на кошаркарските вештини Јагиз Каба, и генералниот секретар на федерацијата, Емин Балчи, нашите тренери ќе бидат запознати за наредните чекори во овој заеднички проект на неколку држави од Балканот.
Овен тоа, престојот во Истанбул, Марјан Ѓуров, Владимир Мирковски, Едина Муса и Јасмина Герасимовска ќе го искористат и да бидат присутни и на неколку натпревари на водечките турски клубови како Фенербахче, Бешикташ, а гости на клубовите Дарушафака и Емлак Конут.
ФОТО: Јасмина Герасимовска
Освен тоа, за време на престојот ќе имаат пролика и да ја следат работата, но и да поразговараат со генералниот менаџер на Фенербахче. Маурицио Џерардини, неговиот асистент, Дерја Јаниер како и помошник-тренерот и тренерот на селекцијата до 18 години на „сино-жолтите“.
Нашите тренери ќе ги проследат и тренинзите на селекциите на Фенербахче „Под 18“ мажи и жени.
ФОТО: Владимир Мирковски
Наредниот ден е предвидена посета на Анадолу Ефес, каде се предвидени состаноци со водечките тренери во јуниорските тимови на „пиварите“ од Истанбул, а потоа и тренинзите на Дарушафака, како и женскиот клуб Емлак Конут.
Во организацијата на овој тренерски мини-камп е предвидено и следење „во живо“ на неколку натпревари. Во прв ред, дуелот од Евролигата Фенербахе Беко-Уникс Казан, во машка, односно Фенербахче=Баскет Ланд во женска конкуренција.
ФОТО: Едина Муса
При посетата на Бешикташ, оваа наша тренерска „четворка“ ќе го проследи и мечот од турската Суперлига помеѓу екипите на Бешикташ и Газијантеп.