04.12.2020 Освен ЕП од Дивизијата „А“ во машка конкуренција „Под 16“, ќе го организираме и еврошампионатот од Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 20“ Уште едно големо признание доби нашата федерација од страна на ФИБА Европа. Имено, Бордот на ФИБА Европа одлучи да ни додели организација на уште две младински европски првенства во текот на наредната година. Ако условите го дозволат тоа, Македонија ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години. Турнир кој е планирано да се одржи во периодот од 13. до 21. август 2021 година, во Скопје. Освен тоа, нашата федерација ќе го организира и Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки (Под 20 години). Настан кој треба да се реализира од 3. до 11. Јули, исто така во Скопје