Оваа работна недела, поточно на 18. и на 19. јануари, во Атина ќе стартува уште еден кошакарски проект. Насловен е како „Cancel GVB“ („Елиминирање на родовото насилство во кошарката“), а кој ќе биде реализиран во наредниот период со партнерска соработка на неколку национални кошаркарски федерации од овие балкански простори.
Освен нашата, во организацијата и реализацијата на овој проект ќе бидат вклучени и националните федерации на Грција, Бугарија и Кипар, училишен институт и центар за едукација „АKMI“, како и центарот за социјални иновации (CSI) од Кипар.
Стартната агенда предвидува дводневно дружење на учесниците во проектот во главниот град на Грција.
„Работниот план на собирот во Атина предвидува запознавање на сите чинители на проектот, односно изработка на оној план за работа според кој ќе се спроведат сите планирани активности. со цел да се постигне крајниот проект. Целта на овој проект кој е дел од Еразмус + Спорт програмата е елиминирање на родовото насилство во кошаркарскиот сектор“- вели Мирко Ивановски, координаторот за млади категории во нашата федерација, кој ќе биде дел од стартот на проектот кој ќе се реализира на 18. и на 19. јануари во Атина.