22.02.2024

Македонската кошаркарска федерација денеска и официјално доби уште еден нов партнер – „Кожувчанка“ од Кавадарци

Нашата федерација доби нов партнер – компанијата „Кожувчанка“

Со новото партнерство нашата федерација обезбедува значајна поддршка и останува со претходно потцртаните цели, да поттикне нови успеси и значајни заеднички победи на сите македонски национални тимови.

„Нашата федерација добива партнер во докажан пријател на спортот и партнер кој низ годините наназад активно е вклучен во развојот како на спортот така и во многу други и голем број на организации, активности и настани, се со цел да се промовираат и прослават успехот, вредностите и напредокот. Веруваме дека овој спонзорски договор ќе донесе успех и среќа за сите нас – истакна претседателот, Перо Антиќ.

Општествената одговорност како еден од императивите на работењето на „Кожувчанка“ и Македонската кошаркарска федерација има за цел да ја потврди посветеноста на двете институции и оваа соработка во создавањето на една убава приказна со мотив и желба за нови победи.

„Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да поттикне покрај спортски успех и националната гордост на нашата држава. Тоа да бидат успеси на многу деца, кои што ќе се определат за овој спорт, со одговорност и дисциплина, на нови генерации кошаркари и кошаркарки, на сите нас кои што заеднички ќе изградиме уште подобри услови за спортот во земјава. Ние и нашите партнери од федерацијата сме сигурни и убедени дека во иднина нашите кошаркари и кошаркарки ќе дадат се од себе за да ја вивнат и вратат македонската кошарка во нови височини и одново да покажеме дека припаѓаме меѓу најдобрите во Европа.

Посакуваме успех, нови победи и со голем оптимизам гледаме на оваа соработка, но најважно за нас е дека повторно ја потврдуваме нашата вредност, одговорност и квалитетот кој што го имаме и го градиме речиси 30 години како компанија“ – истакна генералниот менаџер на „Кожувчанка“, Јанинка Чупаркоска.