„Нејзиниот свет, нејзините правила“ е единствен проект и кампања за социјални медиуми, предвидена од ФИБА Европа
И има за цел да ја промовира кошарката на жените и девојчињата низ цела Европа преку разни активности спроведени во партнерство со Националните федерации.
Деновиве, Одборот на ФИБА Европа уште еднаш, втора година по ред, и официјално ја одобри распределбата на нови средства за поддршка на главната цел привлекување девојчиња во спортот на возраст од основно и средно училиште (возраст од 6-15 години) преку глобална кампања наречена „Нејзиниот свет, нејзините правила“.
Согласно со тоа, и нашата федерација ќе ги продолжи активностите поврзани со оваа програма на ФИБА Европа. Секако условено, во зависност од здравствената ситуација во нашата земја која ја диктира пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД -19, тие ќе продолжат на почетокот на новата учебна година.
Инаку проектот „HER WORLD, HER RULES“ е поддржан од некои од најистакнатите женски играчи во светот на кошарката, како што се Алба Торенс, Ема Месеман и Марија Вадеева. А веќе од оваа сезона ќе бидат вклучени уште неколку познати имиња од врвната кошарка од оној женски сегмент.