30.03.2022 Репрезентативниот бек постигна 10 поени, а имаше и 5 асистенции и 4 скока во победата против Орадеа (70:63) По поразот од Волунтари претходниот викенд, екипата на Плоешти им се врати на победите и го оствари четвртиот триумф во последните пет натпревари од домашното првенство. Тимот на Андреј Магдевски беше подобар од Орадеа со (70:63) и се доближи уште еден чекор кон пласман во плеј-офот. Македонскиот репрезентативец повторно беше на репрезентативно ниво. За нецели 30. минути, Магдевски постигна 10 поени, пет асистенции и четир скока (4/5 за два и 2/2 од линијата за слободни фрлања). Плоешти се доближи до осмопласираната Стеауа која има два натпревари повеќе, а може да го стигне и Сибиу кој има предност од една победа, но и еден меч.