28.05.2022

Нашиот репрезентативец не играше многу, но неговата екипа ја совлада Басконија на гостински терен (89:82) за (1-1) во четвртфиналната серија

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: „Брејк“ на Валенсија, „петка“ за Димитријевиќ

Трет и решвачки меч ќе има во четвртфиналната серија од Плеј-офот во шпанската „Ендеса“ лига во која играат екипите на Валенсија и Басконија.

На вториот меч од серијата, „портокаловите“ направија „брејк“, победија на гостински терен со (89:82), доволно да израмнат на (1-1) во серијата која се враќа повторно во Валенсија.

Ненад Димитријевиќ не играше многу на оваа средба, Доби нецели 13.минути во кои реализираше пет поени (1/5 з три и 1/3 за два поени), на кои додаде и по два скока и две асистенции.