16.01.2022 Македонецот беше прогласен за играч на натпреварот Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски повторно беше главен играч на Вашингтон Стејт Универзитетот,овојпат во дуелот со Калифорнија. Популарните „Кугарс“ победија со резултат (65:57) во голема мерка и по заслуга на нашиот млад кошаркар кој беше прогласен и за играч на мечот. Јакимовски постигна речиси четвртина од поените на ВСУ (16) со кои беше прв стрелец во тимот и постави личен рекорд оваа сезона. Освен тоа, додаде уште седум скока за да го комплетира одличниот впечаток. Иако не беше стартер, Јакимовски на теренот остана 30 минути. За тој период поминат во игра. погоди четири тројки од седум шута. За Вашингтон Стејт ова е десетта победа во 17. натпревар оваа сезона.