11.12.2022

Македонскиот репрезентативец направи дабл дабл од 11.поени и 10.асистенции во победата од (95:94)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Дабл-дабл на Димитријевиќ, победа на Уникс во дербито со Зенит

Загубија од ЦСКА, минимално минатата недела , по исто сценарио, драматично, кошаркарите на Уникс го победија Зенит (95:94), во дербито на колото во ВТБ лигата.

Со одлично издание на македонскиот репрезент, Ненад Димитријевиќ.

Плејмејкерот на нашиот сениорски национален тим дојде до двоен ефект на овој драматичен меч. Димитријевиќ даде 11.поени (4/8 за два и 3/4 за еден поен), имаше и десет успешни додавања, плус и два скока за 28:41 минути во игра.

Ова беше и 14.победа за Уникс во сезоната во која имаат и два порази (двата од лидерот ЦСКА на нашиот тренер Емил Рајковиќ).

Деби на Магдевски за Донар со „десетка“

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски денеска дебитираше за својот нов тим Донар, и тоа во натпревар од регионалната BNXT лига.

Екипата од Грониген со (72:69) го совлада Ландштеде Хамерс, клубот каде работи поранешниот македонски селектор Александар Тодоров.

А нашиот репрезентативен бек одигра нешто повеќе од 20 минути. Постигна 10 поени (3/6 за два, 1/4 за три, 1/2 од линијата за слободни фрлања), плус четири асистенции и два скока.

Со оваа победа, Донар ја прекина серијата од четири порази и привремено се искачи на 6. позиција на табелата во холандската група од регионалното натпреварување.

Николов стартер во Коња

Кристијан Николов ги надмина проблемите со повредата и беше стартер во својот тим Коња, во дуелот против финалистот во Еврокупот, Бурсаспорт.

Македонскиот репрезентативец одигра нецела 21. минута и за тој период постигна пет поени (1/2 за три, 2/2 за еден поен), имаше и два скока и три асистенции, во поразот на Коња (87:99), за седмо место на табелата во турското првенство - биланс од четири победи и шест порази.

Со 13.поени Симиќ му помогна на Борац да го победи Посушје

Кошаркарите на Борац од Бања Лука стигнаа до уште еден успех во Лигата на БиХ. Во шесттото коло, екипата за која настапува Теодор Симиќ, на гостински терен, славеше планиран триумф против Посушје, со сигурни (89:73).

Со доста добра игра на младиот македонски репрезентативец. Симиќ одигра 18:27 минути во кои реализираше 13.поени, а имаше и пет скока и една асистенција.  

Борац и Широки, двата претставници на БиХ во АБА 2 лигата, имаат максимални шест победи во оваа фаза од првенството.