10.10.2021

За кратко време силното крило даде седум поени, но имаше пробеми со личните грешки...

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Деби на Вајли за Будуќност, со победа

Конечно, Џејкоб Вајли го одигра првиот официјален натпревар за екипата на Будуќност. Се случи тоа вечерва, во дуелот од третото коло од АБА лигата.

Во Подгорица гостуваше поранешниот европски шампион, екипата на Сплит. А по доста израмнети 40.минути, на крајот се радуваа „сино-белите“. Славеше новиот тим на нашиот репрезентативец со (75:66).

Очекувано, Вајли не беше стартер, и не одигра голем број на минути. Исто така очекувано, особено ако се земе в предвид дека имаше проблеми со личните грешки. Тргна одлично, врза седум поени по ред, во свој стил, атрактивно, гарнирано и со точен пбид за три поени. Но за кратко време доби три лични грешки кои ја ограничија неговата минутажа на нецели шест.

Ќе се памети, на дебито за Будуќност реализира седум поени (1/1 за три, 2/3 за два поени) и една освоена топка, за конечен успех на екипата од Подгорица (скор 2-1).