16.10.2021

А Андреј Магдевски повторно најдобар, но Плоешти го загуби дербито на непоразените од Питешти

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: „Десетка“ за Димитријевиќ, Валенсија без проблеми на гостински паркет

За разлика од домашниот терен каде уште ја очекува првата победа во сезоната, Валенсија вечерва го продолжи максималниот ефект на гости во рамките на АЦБ лигата.

По Манреса и Сарагоса, славеше кај еден од најнезгодните тимови во лигата Бургос со 69-65 што е одлична најава за стартот на Еврокупот кој почнува во вторникот. Валенсија доминираше на теренот, водеше во најголемиот дел од мечот и не дозволи пред крајот да дојде до пресврт иако Бургос се доближи на само два поена негатива.

Ненад Димитријевиќ одигра 22 минути и беше еден од четворицата кошаркари во соствот со двоцифрен ефект. Постигна десет поени, но и шест асистенции и ја потврди добрата форма во оваа фаза од сезоната.

* По три победи во низа на стартот од сезоната, екипата на Плоешти го доживеа првиот пораз од Питешти со кого до ова коло го делеше врвот на табелата.

Екипата на Андреј Магдевски на домашен терен загуби со (70:74) иако повеќе од три четвртини имаше водство.

Андреј Магдевски повторно беше најдобар играч во својата екипа. За 29 минути во игра постигна 15 поени, а имаше уште и седум асистенции и три скока за индекс 17, највисок во тимот на Плоешти.