Второто коло ја донесе и првата победа за екипата на Армани во новата сезона од италијанскиот шампионат.
Миланезите славеа со убедливи (100:75) на свој терен против екипата на Сасари, а Ненад Димитријевиќ имаш свој удел во првиот успех во новата првенствена сезона.
За 18.минути поминати на теренот, македонскиот репрезентативец реализираше 18.поени (4/6 за два поени и 2/2 од линијата за слободни фрлања), имаше и шест асистенции, пет скока и три освоени топки за највисоки индекс во тимот на Еторе Месина – 23.
*Теодор Симиќ и неговиот нов клуб, Прат стигнаа до вредна победа на гостински терен. Беа подобри за пет поени (75:70), од екипата на Беникарло во шпанската втора лига.
Нашиот репрезентативен центар одигра 12. минути во кои стигна до ефект од осум поени (4/8 во шутот за два поени) и осум скока