09.03.2023

Екипата на Вашингтон Стејт „влезе“ меѓу осумте најдобри на турнирот од Пак-12 конференцијата во Лас Вегас.

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: „Десетка“ за Јакимовски на отворањето на конференцискиот плеј-оф

Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт беа убедливи против Универзитетот Калифорнија, (69:52), и втора година го елиминира истиот ривал во првата рунда од конференцискиот плеј-оф.

Македонскиот репрезентативец одиграа 29 минути, постигна 10 поени, а имаше и четири скока. А овој натпревар ќе го помарти и по еден несреќен момент во кој остана без еден заб, поради што мораше да интеревенира медицинскиот тим во Арената во Лас Вегас.

Ова е првпат од јануари 1983 година Вашингтон Стејт да победи седум натпревари по ред против ривали од својата конференција.

За популарните „Кугарс“ нема одмор затоа што вечерва од 23:30 часот следува нов натпревар, против Орегон Дакс.

Овие екипи веќе играа во тековсмата сезона. Поделија по една победа. Вашингтон Стејт на домашен терен славеше со (68:65), а некој месец порано Орегон триумфираше пред своите навивачи со (74:60).

Во оваа фаза од НЦАА лигата нема поправен испит и секој пораз значи крај на сезоната.

*Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс имаше уште едно одлично  издание во ФИБА Лигата на Шампиони, што му донесе уште една победа на Телеком Бон во ТОП 16 фазата. Тимот од Бон славеше на домашен терен против Ритас со убедливи (99:72) и по четири кола има максимален ефект. Бундеслигашот е една од само четирите екипи кои се без пораз во втората, групна фаза.

Шортс одигра 26 минути, постигна најмногу поени од сите што настапија на овој меч, вкупно 22. Имаше (6/11 за два, 2/5 за три, 4/4 од линијата за слободни фрлања), плус седум асистенции и четири скока за индекс 22.