28.03.2022

Нашата репрезентативка реализираше 24. поени во финалниот меч против Фенербахче во кој победија со убедливи (71:58)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Девана Бонер му го донесе пехарот во Купот на Турција на Чукурова Мерсин

Девана Бонер е одново во центарот на вниманието на европската кошарка. Американката со македонски пасош, и актуелен репрезентативец на нашата земја, беше најзаслужна за големото изненадување кое се случи на финалниот турнир од Купот на Турција во женска конкуренција.

Искусната Американка беше најзаслужната што нејзиниот нов клуб во богатата интернационална кариера, Чукурова Mерсин стана сензационален освојувач во ова натпреварување во турската женска кошарка.

Нашата репрезентативка реализираше 24.поени, најмногу на двете страни од теренот, доволно да им донесе голема радост на соиграчите и градот Мерсин, кој на тој начин доби клуб-освојувач на некој голем трофеј во турската кошарка.