23.10.2021

На пет секунди пред крајот, погоди за победа (76:75) против Андора

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Димитријевиќ ѝ донесе победа на Валенсија

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Валенсија. Го круниса со кош за победа на својот тим.

 

Валенсија како гостин ја победи Андора со минимални (76:75), а нашиот кошаркар ги постигна клучните поени на пет секунди пред крајот, при водство на домашната екипа.

Со тоа, портокаловите ја продолжија победничката серија на гостински терен каде оваа сезона имаат максимален ефект на четири натпревари.

Инаку, Ненад Димитријевиќ беше трет стрелец во тимот на Валенсија со 14 постигнати поени (0/2 за три, 6/11 за два и 2/3 за едeн поен), на кои додаде уште шест скока и две асистенции.