12.03.2022 Во Бадалона беше сигурни (76:68) за „зелено-црните“ Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот нов клуб Валенсија загубија од неговиот поранешен клуб Хувентуд со (76:68) во рамките на мечот од 23. коло од шпанската „Ендеса“ лига. Димитријевиќ остана 20 минути на паркетот, а заврши со 11 постигнати поени на гостувањето во Бадалона. Македонскиот репрезентативец имаше шут од 4/11 од поле, и 2/2 од линијата за слободни фрлања, а ги дополни со два скока и исто толку асистенции.