26.04.2023 Рекордни во сезоната 32 поени за Македонецот, и победа на Уникс (78:63), за меч-топка и место во големото финале на ВТБ лигата Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го одигра веројатно својот најдобар натпревар во текот на оваа сезона која полека влегува во својот финиш. Димитријевиќ беше најзаслужен шти екипата на Уникс пред својата публика во Казан го доби петтиот натпревар од полуфиналната серија против Зенит, и тоа со убедливи (78:63). Доволно за ново водство во серијата од (3-2) која се враќа во Санкт Петерсбург. За 35 минути на теренот, македонскиот репрезентативен бек постигна 32 поени (3/6 за три, 6/10 за два и беспрекорни 11/11 од линијата за слободни фрлања). Имаше и по шест асистенции и шест скока, кои го прават играч на натпреварот. Оној шестиот во оваа серија се игра в сабота, а домаќин е Зенит.