02.05.2023

Кога беше најпотребно, во „мајсторката“ со Зенит, нов блесок на македонскиот репрезентативец, вреден победа (80:79)

Наши интернационалци: Димитријевиќ го однесе Уникс во финалето на ВТБ лигата

Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс, ќе играат во големото финале на ВТБ лигата, односно серија со екипата на Локомотив Кубан која ќе го даде новиот шампион во ова силно натпреварување.

Оној стариот, ЦСКА од Москва кој оваа сезона го предводи уште еден Македонец, Емил Рајковиќ загуби во седмиот меч од серијата против тимот од Краснодар, па во наредите денови, крајно изненадувачки, ќе играат серија со Зенит која ќе одлучи кој ќе ја освои „бронзата“.  

Во доста драматичен меч во Казан, Димитријевиќ беше пресуден со своите 24 поени, шест асистенции и два скока, а имаше одлична реализација за два поени, осум од десет, една тројка од четири обиди и пет од шест од линијата за слободни фрлања.

Македонскиот репрезеннтативен бек ов финишот погоди за егалрезултат (79-79), Зенит загуби топка во следниот напад, а Уникс со едно слободно фрлање (го реализира Хантер) на неполна секунда пред крајот дојде до клучната победа (80:79) во полуфиналната серија против одличниот и фаворизиран состав на Зенит..

Ова е петти пласман на Уникс во финалето на ова регионално натпреварување, и во серијата „подобар во седум “ натпревари Димитријевиќ и другарите ќе се обидат да дојдат до првиот трофеј.