28.04.2022

За место во финалето, Валенсија ќе игра со Виртус Болоња, а Бурсаспор со Морабанк Андора

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Димитријевиќ и Петрески одат во полуфинале

Уште еден голем чекор направија двете екипи кои се натпреваруваат во Еврокупот а во кој имаме наши, македонски претставници.

Екипата на Валенсија ја оправда улогата на фаворит, и стигна до сигурен триумф против францускиот Метрополитен. Во полната „Фонтета“, Ненад Димитријевиќ и соиграчите славеа со (98:85).

Напиот репрезентативец одигра нешто повеќе од 14.минути во кои реализираше четири поени (0/4 за три, 1/2 за два и 2/2 за едне поен), три асистенции и еден скок.

За место во големото финале ќе играат против топ-фаворитот во ова наттпреварување, Виртус Болоња кој потешко од очекувањата го скрши отпорот на германскиот Улм.

Кошаркарите на Бурсаспор, каде дел од стручниот штба не нашито тренер Мирко петрески, приреди уште едно големо изненадување. По елиминацијата на партизан, „овошните“ од Бурса поминаа уште едне АБА-лигаш. Во голема драма во љубљанската Арена „Стожице“ ја победија Цедевита Олимпија со (85:83), и обезбедија пласмна во првата „четворка“.

Последната пречка пред финалето ќе им биде шпанската МораБанк Андора која направи уште едне изненадувачки резултат во овој круг од натпреварите откако на гостински терен ја совлада Гран Канарија.