Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија вечерва беа пред најголемиот предизвик во сезоната, гостување во Мадрид, против Реал.
Одговорија навистина добро. Од самиот почеток се играше доста ефикасно, во првиот период двете екипи комплетираа 61.поен (30:31), а на полувремето гостите водеа со (51:48). Ја задржаа предноста и на истекот на третиот дел од играта (74:71).
Се одбранија и во онаа решавачката, за големо славење среда Мадрид, победа од (94:93).
Ненад Димитријевиќ одигра сосема добар натпревар на најтешкото гостување во сезоната, дел од 21. Коло од „Ендеса“ лигата.
За нецела 21.минута, нашиот млад кошаркар реализираше десет поени (4/7 за два и 2/2 за еден поен). Освен тоа, придодаде и пет асистенции и два скока.