23.12.2021 Со триумфот (91:71) во заостанатиот дуел против Обрадоиро, Валенсија ја прекина мини-серијата од два пораза Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го одигра првиот натпревар во АЦБ лигата по пауза од два месеца и се покажа во добро светло. За помалку од 17 минути на теренот, постигна десет поени, два скока и три асистенции и беше четврди стрелец во својата екипа, но со многу помала минутажа од останатите тројца. Со оваа победа Валенсија се искачи на петтата победа на табелата во шпанското првенство со биланс 8/6 колку што имаат уште три екипи.