25.05.2022

Нашиот репрезентативен бек го имаше последниот шут, но не реализираше, па Басконија направи „брејк“ во Валенсија (80:79)

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ: Димитријевиќ не погоди за победа

Ненад Димитријевиќ имаше шанса да донесе победа за Валенсија во првиот меч од четвртфиналето од плеј-офот во „Ендеса“ лигата. Но македонскиот репрезентативец не го погоди последниот шут, па победата ја однесоа гостите. Басконија славеше со минимални (80:79) за водство (1-0) во четвртфиналето на шпанскиот плеј-оф.

Претходно, Димитријевиќ беше еден од најдобрите поединци во домашната екипа. За 23:33 минути на теренот на „Фонтета“, реализираше 15.поени (0/4 за три, 7/11 за два и 1/1 за еден поен), плус и шест асситенции и три скока за индекс 15.

Шанса за поправен „портокаловите“ ќе имаат за три дена , на гостински терен. Долколку го загубат нареднито меч, тоа ќе знаши и крај на сезоната за Валенсија.